Фчерашни: СРЕЌНА ВЕСТ ОД БУДИМПЕШТА, На Груевски му падна паричката

Добри вести ни доаѓаат од главниот град на Унгарија каде што сега живее и пишува книга нашиот експремиер Никола Груевски. Како што јавува нашиот дописник од таму при вечерашното вртење на мазник со паричка, паричката паднала кај Груевски. Тој го вртел мазникот сам.
„Ви благодарам на честитките, ова значи дека уште една година ќе имам среќа, а со ваква влада може и повеќе. Сепак ова е само една од многуте парички кои ги имам па така не сум изненаден“ ни изјави кратко тој.

Loading...