Хавиер Солана е заразен со корона вирусот

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, е примен во болница откако на тест бил позитивен на коронавирусотм, изјавиле извори за Reuters.
Соговорниците на агенцијата додале дека неговата здравствена состојба се поправа, но дека од предострожност и натаму е под лекарски надзор.
Претходно во петокот дневниот шпански весник ABC прв објави дека Солана во средата бил хоспитализиран во Мадрид поради коронавирусот.

Солана политичката кариера ја започна во 1992 година кога до 1995 година беше шпански министер за надворешни работи во владата на Фелипе Гонзалес, а потоа следува пресврт во неговите политички ставови.
Седумдесет и седумгодишниот Хавиер Солана од 1995 до 1999 година ја извршуваше должноста генерален секретар на НАТО, иако како социјалист претходно се изјаснуваше против северноатлантската воена алијанса. Од 1999 година до 2009 година беше Висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, кога често престојуваше во Македонија поради вооружениот конфликт во 2001 година.

Прочитајте на оваа тема и следново:

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.