Хакерите од SEA го ставија соопштението за експлозии во Белата куќа

Loading...

Агенцијата Associated Press соопшти дека одговорноста за хакирањето на нејзиниот акаунт на микроблогот Twitter на кој беше поставена лажна информација за две експлозии во Белата куќа во Вапшингтон во кои е повреден американскиот претседател Барак Обама, ја преземала ткн Сириска електроничка армија (Syrian Electronic Army – SEA).Претходно во вторникот навечер американските медиуми а оттаму и многу светски агенции повикувајќи се на соопштението на профилот на Twitter на агенцијата Assoceiated Press информираа за експлозии во Белата куќа, но кусо време потоа портпаролот на администрацијата на американскиот претседател Џеј Карни ја демантираше таквата информација изјавувајќи дека со претседателот на САД „сé е во ред”.Подоцна од Associated Press соопштија дека акаунтот на агенцијата вил хакиран и неговата работа е привремено суспендирана.Од Associated Press објавија дека одговорноста за инцидентот ја преземала на семе Сириската електроничка армија (Syrian Electronic Army – SEA), хакерска група којашто го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад. Агенцијата, исто така, нагласува дека на нападот на нејзиниот профил на Twitter претходеле неуспешни обиди на хакери да се пробијат во корпоративните мрежи на Associated Press.Истрагата во врска со овој инцидент заедно ја водата експерти од Twitter, федералното биро за истраги FBI и од американската Комисија за хартии од вредност, зашто колкава е моќта на ваквите информации и како на тоа реагираат брзо пазарите, покажува фактот дека во моментот кога се појави лажната информација за експлозиите во Белата куќа во кои наводно бил ранет претседателот Барак Обама, на њујоршката берза Волстрит индексот Dow Jones во момент падна за сто индексни поени.Сириската електроничка армија, инаку, претходно ја преземаше одговорноста за кибернетичките напади врз интернет страниците на арапските медиуми како Sky News Arabia, Al Jazeera Mobile и Twitter профилот на агенцијата AFP, поради тоа, како што велат, дека шират дезинформации за граѓанската војна во Сирија и го поддржуваат тврдењето на претседателот Башар ал-Асад дека станува збор за обид за дестабилизирање на земјата воден од странски служби и влади.Претходно, на 23-ти март годинава, хакерската група Сириска електроничка армија (Syrian Electronic Army – SEA) ги хакираше страниците на метеоролошката служба на британскиот јавен сервис BBC исто така на мрежата на Twitter. Акаунотот кој го следата околу 60 илјади луѓе почна да објавува соопштенија со политичка содржина реќиси цело попладне.Претходно, пак, на 26-ти февруари Twitter акаунтот за споделување фотографии на агенцијата AFP @AFPPHOTO беше хакиран по што на него се појавија документи и фотографии со содржини од злосторства што ги направиле припадниците на сириската вооружена опозиција по што профилот наскоро беше суспендиран.На 9-ти септември 2012 година, беше изведен хакерски напад врз информативниот мобилен сервис на панарапската сателитска телевизија Al Jazeera Mobile. Напаѓачите објавија серија лажни вести преку сервисот Al Jazeera Mobile. Тогаш меѓу првите пати одговорноста за ваквите кибернетички напади врз себе ја презема хакерската група којашто објави дека себеси се идентификува како Сириска електроничка армија – Syrian Electronic Army.
МакфаксАгенцијата Associated Press соопшти дека одговорноста за хакирањето на нејзиниот акаунт на микроблогот Twitter на кој

loading...
Loading...