Хакерски напад врз Apple

Loading...

Хакери ја нападнаа внатрешната мрежа на американска корпорација Apple, пренесe AFP во вторникот навечер повикувајќи се на соопштение на компанијата.„За време на нападот врз Apple беше користена програма за оштетување, којашто се распространуваше од една од страниците на развивачите на софтвер“, велат од Apple. Со вирусот биле заразени мал број од компјутерите на Apple, кои веќе се идентификувани и изолирани од зедничката мрежа.Од компанијата известуваат и дека напаѓачите не успеале да украдат од производителот на престижните технолошки иновации како што се смартфоните iPhone, никакви важни информации.На крајот од јануари за неовластен пристап до своите внатрешни сервери известија голем број американските агенции и медиуми. Исто така, беше соопштено за кражба на податоци од страна на хакери на 250 илјади корисници на сервисот за микроблогирање Twitter.За овие сајбер напади, американските медиуми го обвинија кинески хакери. Кинеските власти тогаш ги нарекоа обвиненијата неосновани.Меѓутоа, компанијата „Mandiant” ангажирана за совети од областа на информатичката безбедност од страна на американската влада, претходно во вторникот објави дека открила преку повеќе стотици истраги во последните три години дека организациите кои на интернет ги хакирале страниците на американската администрација, американските компании и весниците „имаат седиште главно во Кина, како и дека кинеската влада во целост е запознаена со нивните активности”.Од американската компанија тврдат дека зад нападите стои „Единицата 61398“ којашто е во составот на кинеската армија и нејзиното седиште е во Шангај.Од компанијата тврдат дека „Единицата 61398″ украла стотици терабајти податоци од најмалку 141 организација во светот од 2006 година досеа. Поголемиот број жртви на овие напади се од САД, а помал број се од Кина и од Велика Британија.
МакфаксХакери ја нападнаа внатрешната мрежа на американска корпорација Apple, пренесe AFP во вторникот навечер повикува

loading...