Хакерски напад на веб-страницата на Европскиот парламент, група блиска до Кремљ ја презеде одговорноста

ЕП претходно усвои Резолуција со која Русија е државен спонзор на тероризмот

Веб-страницата на Европскиот парламент денеска беше мета на хакери набргу откако Русија ја прогласи за државен спонзор на тероризмот.

Хакерски напад на веб-страницата на Европскиот парламент, група блиска до Кремљ ја презеде одговорноста

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола објави дека одговорноста за хакерскиот напад ја презела хакерска група блиска до Кремљ.

Денеска Европскиот парламент усвои Резолуција со која Русија е означена како држава спонзор на тероризмот и наведува дека воените напади врз цивилни цели се „кршење на меѓународното право“.

„Веб-страницата на ЕП во моментов е недостапна поради високите нивоа на надворешен мрежен сообраќај“, рече портпаролот на ЕП.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.