Халид Бешлиќ пред концертот во Скопје: Македонците ги сретнувам низ цел свет, знам каква публика се тие

Халид Бешлиќ во Македонија има фанови од сите генерации. Публиката конечно ќе има чест да го слушне во живо, со концерт во Скопје.

-Секогаш бев тука, 40 години сум присутен, моите песни се пеат, знам добро каква е ситуацијата во Македонија со македонската публика. Често сретнувам луѓе ширум светот кои се Македонци и така знам се, рече Бешлиќ во интервју за Бекстејџ.

Тој говореше за своите хитови, но и за новата музика која нему не му се допаѓа и смета дека звучи “евтино“.

-Тоа мене не ми се допаѓа, не ми се допаѓа правецот, премногу е за мене, тоа е евтино. Не е скапо, не знам. Јас сакам нешто што е добро, а квалитетно, тоа се не е народна музика, се знае што е народна музика. Тоа мора да остане така, а не да биде некој експеримент што нема врска со тоа, рече пејачот.

За македонската публика има една порака пред концертот:

„Да бидеме здрави и живи, има помалку од месец дена до концертот, се надевам дека ќе биде се добро и јас посакував, дојдов порано да се дружиме. Не се имаме видено одамна. Да ги освежиме сеќавањата. Ги поздравувам сите, ги поканувам на концертот и се гледаме“!

Концертот ќе се одржи во арена „Борис Трајковски“, на 26-ти ноември.

Целото интервју погледнете го на БЕКСТЕЈЏ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.