Хан до Мицковски: Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки

Да се потсетиме како навистина стојат работите. Оти некои имаат кратка меморија… Пред два месеци Хан ја поздрави определбата на Мицковски да не го опструира Преспанскиот договор.
„Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не го опструира процесот во Собранието. На ЕУ интеграциите им е потребна лојална опозиција“, напиша Хан на Твитер по средбата со Мицкоски на маргините на самитот на Европските народни партии во Хелсинки.

Loading...