Хаос на скопскиот аеродром – патници не можат да заминат од Македонија

Loading...

Хаос на скопскиот аеродром. Револтирани и бесни патници денеска не можеа да ги чекираат купените карти. И покрај тоа што голем дел од нив имаа и странска работна виза, но и европски пасош останаа заглавени на аеродромот во Скопје. Не им беше јасно што точно се случува. Бараа одговори од авиокомпаниите, но и од македонските власти дали ова е некаков пропуст на нашата влада или се должи на одлуката на Брисел да не прима македонски државјани во земјите членки на ЕУ.

Имаше и студенити кои со дозвола за работа и престој во Германија, останаа безнадежно да чекаат “зелено светло” дали ќе им биде дозволено да полетаат.
По три ипол месеци пауза македонските аеродроми ги отворија вратите за патниците. Првиот ден од отворањето на аеродромите покажа дека поголем број граѓани имале потреба да си заминат од државата, а помалку да дојдат во неа. На скопскиот аеродром вчера пристигнале 292 патника, а заминале 448 на неколку европски дестинации. На двата аеродрома кои пред кризата дневно пречекуваа и испраќаа и по десетици илјади лица, на денот на повторното отворање вкупно се регистрирани 324 патници кои пристигнале во државата и 592 патника кои заминале од неа.

loading...