Хаос по невремето во Охрид

Невреме со силен ветер и пороен дожд вчера попладне го зафати охридскиот регион. Во автокампот Љубаништа, кај Свети Наум, уништени се дел од приколките и шаторите, a ветрот корнел гранки и дрвја. За среќа во големото невреме нема повредени.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека од силното невремето уништен е и автокампот Крани.
И познато туристичко место, селото Трпејца беше зафатено од страшното невреме какво не паметат ниту старите трпејчани. Откорнати дрвја, искршени кајчиња, гранки на сите страни, е она што остана по невремето. За среќа во невремето нема повредени, но е причинета голема матреријана штета. Голема штета има и во атрактивните ресторани во ова познато место полно со туристи.