Хари и Меган го одложија медениот месец – Еве зошто?

Loading...

Британскиот принц Хари и Меган го одложија медениот месец за да можат да присуствуваат на роденденот на принцот Чарлс, кој е само неколку дена по нивната венчавка.
Хари и Меган на 22 мај ќе присуствуваат на 70.роденден на принцот Чарлс. Тоа ќе биде прв кралски настан на кој тие официјално ќе се појават како војвода и војвотка од Сасекс.
Планирано е прославата да се одржи во дворот на Бакингемската палата.
Засега не е познато каде Хари и Меган ќе го поминат медениот месец, но некои медиуми наведуваат дека тоа би можело да биде Боцвана и тамошниот ексклузивен сафари камп, кој двајцата го посетија минатиот месец, неколку месеци пред да ја објават веридбата.

loading...