Хеланки како практично парче облека за ладните денови: 3 комбинации кои ѝ стојат на секоја дама

Loading...

Иако порано важеа за парче облека што се носи за тренинг, хеланките со децении се многу повеќе од тоа.
Тие често биле во фокусот на модните експерти како тип на облека што баш и не им се допаѓа, но денес ретко кој нема барем еден пар во својата гардероба.
Хеланките одамна ги пробија сите бариери, па денес можат да се вклопат во секоја пригода. Лесни се за комбинирање, често се незаменливо парче кога се облекуваме слоевито, наместо хулахопки, а се вклопуваат дури и со елегантни стајлинзи.
Ова се три модни комбинации со хеланки, со кои ќе изгледате целосно неодоливо.
1. Со плетени џемпери и здолниште


Памучните хеланки, кои во оваа комбинација имаат улога на подебели чорапи, фантастично се комбинираат со подолги плетени џемпери и кратки здолништа.
Ова е комбинација што можете да ја носите и за преку ден и за вечер.
2. Со елегантни потпетици
Хеланки наместо панталони одлично одат со високи потпетици. Дури и оваа варијанта може да помине како елегантна, иако е комбинирана со голема јакна со пердуви.
3. Со зимски фустани
Зимските фустани се одличен избор за ладно време. Со хеланки и чизми ќе изгледате модерно, удобно и топло.

loading...
Loading...