ХЕМИЧАРОТ“ ОД СЛАТИНО : СОПСТВЕНИКОТ НА ЛАБОРАТОРИЈАТА ЗА КОКАИН ЌЕ ПОМИНЕ 30 ДЕНА ВО ПРИТВОР

При претрес извршен со судска наредба вчера во неговиот дом во Слатино беше пронајден кокаин и минилабораторија во која се подготвувал кокаинот за продажба, три дигитални ваги, друга прашкаста материја и рамка со осум куршуми пиштолска муниција калибар 7,62 милиметри, информираше МВР.

ХЕМИЧАРОТ“ ОД СЛАТИНО : СОПСТВЕНИКОТ НА ЛАБОРАТОРИЈАТА ЗА КОКАИН ЌЕ ПОМИНЕ 30 ДЕНА ВО ПРИТВОР

Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово денеска му определил мерка притвор од 30 дена на 47-годишникот кој вчера беше приведен откако полицијата му најде минилабораторија и кокаин во неговиот дом во Слатино.

– При претрес извршен со судска наредба вчера во неговиот дом во Слатино беше пронајден кокаин и минилабораторија во која се подготвувал кокаинот за продажба, три дигитални ваги, друга прашкаста материја и рамка со осум куршуми пиштолска муниција калибар 7,62 милиметри, по што Џ.Н. беше лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, а потоа му беа изготвени поднесоци по членовите 215 и 396 од Кривичниот законик – потенцираат од тетовската полиција.

По изрекување на мерката притвор тој е сприведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.