Херој баба од Германија: Таа го победи коронавирусот на 106 години

Loading...

Компанијата што управува со болницата во Ораниенбург објави дека Германката, која има 106 години, успешно се опоравил од Ковид-19.
– Таа е ослободена од болницата во вторникот и е во многу добра состојба за нејзината возраст, па нејзиниот имунолошки систем успешно се избори со наша помош – рече главниот лекар Харалд Панвиќ, пренесува „ЦДМ“.
Неколку дена претходно беше објавено дека 97-годишна жена, исто така од државата Бранденбург во околината на Берлин, за која се сомневаше дека има мозочен удар во моментот на хоспитализација, е пуштена од болница во Берлин.
Слично се случило и на 100-годишна жена која била донесена во болница поради стомачни проблеми и дијареја и без респираторни проблеми типични за Ковид-19. Сепак, тестирањето потврди дека таа е заразена со вирусот, па затоа веднаш е ставена во изолација.
Таа е само една од постарите пациенти кои успешно се опоравиле од Ковид-19 во болницата управувана од „Оберавел Клиникен ГмбХ“.

loading...