Холандија: Непознато лице отворило оган врз патници во трамвај, неколкумина повредени

Неколку лица се повредени откако непознато лице отворило оган врз патници во трамвај во холандскиот град Утрехт.
Нападот се случил утрово на периферијата на градот, во близина на болницата Оуденријн, а полицијата ги блокира улиците околу местото на инцидентот.
Портпарол на полицијата изјави дека нападот се случил во или во близина на трамвајот на скверот “24 Октомври“. Тој е веднаш затворен, а над местото на инцидентот кружат хеликоптери.