Холандски палачинки

Loading...

Пробајте го овој необичен рецепт за вкусни, холандски палачинки.
Потребни состојки:
300 гр вишни
½ дл црвено вино
1 стапче ванила
2 лажици густин
Смеса за палачинки
Сладолед од ванила
Начин на подготовка:


Исцедете ги вишните сокот од нив тргнете го на страна. Во тенџере додајте го сокот од вишни, црвеното вино и ванила и варете додека почне да врие. Намалете ја температурата и варете уште 15 минути. Додајте ги вишните густинот и варете додека да се згусне сосот. Испечете мали палачинки. Наредете ги палачинките една врз друга и прелијте ги со сосот од вишни, а по желба додајте и сладолед од ванила и шеќер во прав.

loading...