Хорор во Босна и Херцеговина, брат и сестра пронајдени мртви

Брат и сестра во поодминати години пронајдени се мртви кај селото Водице, помеѓу Шипово и Купрес, неофицијално дознаваат од “Независни“. Исто така, неофицијално, се работи за Милка и Недељко Илиќ, кои живееле сами.
Според информациите, жената е пронајдена во куќата, која се наоѓа во шума и доста е одалечена од другите куќи во местото, додека мажот бил пред куќата. Неофицијалните информации од повеќе извори, потврдуваат дека на телото на мажот недостасуваат одредени делови, па се претпоставува дека го изеле диви животни.
– Страв и ужас, никој не заслужил таков крај. Наводно жената е пронајдена на каучот во куќата, а нејзиниот брат пред куќата. Се зборува дека телото дури е и обезглавено и дека му недостасуваат и други делови, што веројатно ги изеле животни, затоа што куќата се наоѓа длабоко во шумата, вели мештанин на Стојиќи.
Милка и нејзиниот брат често талкале и воделе неуреден живот.
– Тие живееја чудно, може да се каже и дека живееја како бездомници. Таа дури и ноќе одеше сама, велат жителите на Стојиќи, потресени од фактот што животни изеле делови од телото на Недељко.
Според сознанијата на “Независни“ случајот е пријавен во полиција, која извршила увид во присуство на дежурен обвинител од Јавното обвинителство во Бања Лука, по што ќе бидат познати повеќе информации.

Loading...