Хорор во Будва: Русинка удрила татко со бебе во количка на пешачки (ВИДЕО)

Loading...

Едногодишно бебе од Холандија се здобило со повреди на 2 август во Будва откако автомобил удрил во количката во која се наоѓало. Таткото на бебето со количката минувал преку улица на пешачки премин во близина на кружен тек, кога во нив удрил автомобил управуван од руска државјанка. Таа со автомобилот ја прегазила количката со бебето, поминала преку нозете на таткото, па дури тогаш го запрела автомобилот. Бебето со лесни повреди било пуштено од болница на домашно лекување, а полицијата поднела кривична против Русинката.

loading...