Хорор во Јапонија: Автомобил влетал во групата дечиња од градинка

Loading...

Вистински ужас се случи во Јапонија во кој две дечиња загинаа, а десетина се повредени, откако ги прегазил автомобил.
Утрово автомобилот влетал во групата дечиња од градинка, на западот на Јапонија, откако претходно удрил во возило и свртел на плочникот каде биле дечињата, кои чекале да поминат семафор со воспитувачката. Сите деца биле на возраст од 2-3 години.
Од здобиените повреди двегодишно момче и девојче починале во болница, а уште две од десетте повредени деца се во критична состојба и се борат за живот.
Двајцата возачи, односно две жени на возраст од 65 и 62 години веднаш се уапсени.

loading...