Хороскопски знаци кои лесно ќе ве измамат со нивната дволичност

Loading...

Секое човечко суштество има добра и мрачна страна. Иако не е секогаш лесно да се слушне или да се зборува за вакво нешто, препознавањето на ваквите негативности може да значи и нивно надминување.
„Според астрологијата, сè во универзумот има еднаква , но и спротивставена сила. Но, мрачната страна не е само спротивност на позитивната“, вели астрологот Синди Мекин.
Со други зборови, мрачната страна на вашиот зодијачки знак не е едноставна, најчесто таа влијае на нас директно или индиректно. Важно е да се знае дека мрачната страна не е секогаш „мрачна“ и понекогаш нејзиното изразување е потребно во одредена ситуација и од неа може многу да научиме.
Секој хороскопски знак има мрачна страна, а овој пат ги одделуваме трите знаци чија дволичност може лесно да ве измами.
1. Близнаци
Лесно е да се опишат како љубопитни камелеони, многу брзо се адаптираат на секоја животна ситуација и секаде се присутни. Ништо не оставаат на случајот и всушност ја контролираат секоја ситуација, од страна. Имаат потреба да откриваат нови работи, нивната незаситна желба за собирање информации доаѓа од планетата Меркур, која владее со овој знак.
Немојте да се изненадите ако најдобриот пријател роден во знакот на Близнаци одеднаш почне да ве избегнува или поинаку да се однесува кон вас. Близнаците постојано се менуваат и тоа е понекогаш надвор од нивната контрола.


Многу лесно можат да ви кажат некоја приказна и потоа да ја негираат. Одлично комуницираат, но обожуваат да озборуваат.
2. Вага
Со Вагата владее шармантната Венера, планета на љубовта и убавината. Но, според грчката митологија, божицата Венера освен што била убава таа исто така била одмаздољубива и себична.
Припадниците на овој знак не сакаат конфликти, но имаат интересна особина многу брзо и лесно ги читаат другите луѓе. За да се заштитат себеси, Вагите се способни многу брзо да се променат и од мили да станат остри и одмаздољубиви. Во тоа се крие нивната двојност.
3. Скорпија
Скорпијата е таинствен и интензивен воден знак со кој владее Плутон, богот на Подземјето. Родените во овој знак имаат тенденција да ги оживуваат траумите од младоста и оттаму произлегува нивната емпатија, но и силна интуиција.
Потребата да се поврзе со други луѓе кај Скорпијата може да се граничи со опсесија. Припадниците на овој знак сакаат сè или ништо и лесно ќе ве хипнотизираат и ќе ви го покажат нивното друго лице за да го одбијат тоа што го наумиле.
Внимавајте, Скорпијата има долги емоционални сеќавања, а тоа може да биде позитивно и негативно. Таа не простува навреди.

loading...