Хороскоп 02.11.2019: Близнаците размислуваат за прекин на врската, Лавовите ги очекува поволен ден на љубовен план

Овен

Работa: Ве очекува нова шанса за работа која ќе ви донесе позитивни околности и резултати како можност за напредок.
Љубов: Отворено ќе покажете интерес кон личноста која некое време ја „меркате“.
Здравје: Ќе ви годи масажа.

Бик

Работа: Очекувајте опуштена атмосфера во комуникацијата со работното опкружување.
Љубов: Уживате во необврзувачки флерт со личноста која ви се допаѓа. Подготовени сте за кратка авантура.
Здравје: Избегнувајте мрсна храна.

Близнаци

Работа: Препорака е да бидете трпеливи и да не избрзувате со нови моменти на ова поле.
Љубов: Размислувате за прекин на врската со партнерот затоа што не сте задоволни од околностите во кои врската се одвива.
Здравје: Болки во нозете.

Рак

Работа: Пред вас се нови предизвици на работното поле. Ве очекува фаза во која ќе бидете незадоволни.
Љубов: Некоја личност од минатото ќе проба да се врати во вашиот живот. На вас е одлуката дали тоа ќе го прифатите.
Здравје: Проблеми со настинка.

Лав

Работа: Можно е да имате доста проблеми во односот со соработниците и некогаш едноставно губите трпение.
Љубов: Се оди како што сакате. Може да очекувате еден многу поволен ден на љубовен план.
Здравје: Внесувајте повеќе магнезиум.

Девица

Работа: Можно е да ви доаѓа време на промени. Нема уште долго да останете на истото работно место иако такво нешто не очекувате.
Љубов: Не ви е претерано поволен ден кога е во прашање љубовта.
Здравје: Дозволете си некое задоволство.

Вага

Работа: Немојте да очекувате премногу од денешниот ден и имајте на ум дека некои ваши планови нема да бидат исполнети до крај.
Љубов: Сакате да се смирите со личноста која завземала дистанциран став кон вас. Немојте да инсистирате.
Здравје: Можни проблеми со видот.

Шкорпија

Работа: Максимално сте посветени на работата и подготовени сте за остварување на добри резултати.
Љубов: Лесно се впуштате во нова врска и подготовени сте на новата личност сосема отворено да и ги покажете своите чувства.
Здравје: Проблеми со несоницата.

Стрелец

Работа: Потребно е да покажете иницијатива за на работното поле да успеете да ги остварите своите цели.
Љубов: Личноста која ви се допаѓа покажува дека е заинтересирана, но сега не е подготвена за сериозна врска.
Здравје: Водете сметка околу притисокот.

Јарец

Работа: Ако побарате помош околу работата која тешко ви оди, некој од соработниците ќе ви помогне.
Љубов: Важно е со саканата личност искрено разговарате околу работите кои ве мачат.
Здравје: Проблеми со кичмата.

Водолија

Работа: Можно е да имате прилика да разјасните некои околности на ова поле кои ве спречувале да напредувате.
Љубов: Комуникацијата со саканата личност би можела да стане доста добра во иднина.
Здравје: Пролазна кашлица.

Риби

Работа: Можно е во текот на денешниот ден имате нови случувања кои ќе ве наведат да размислувате за промена на работното поле.
Љубов: Можно е да немате шанса да ги покажете своите вистински чувства кон партнерот.
Здравје: Внимавајте на исхраната.

Loading...