Хоџа: Акцизата на нафтените деривати се зголемува за три денари! Народот ќе го плати товарот на кризата

Хоџа: Акцизата на нафтените деривати се зголемува за три денари! Народот ќе го плати товарот на кризата

Владата се правда за тоа што им брцна во џеп на граѓаните.

Според слајдот погоре, тоа значи дека треба и да се радуваме дека цената оди нагоре незначително…

Притоа Владата заборави да спомене дека цените не отидоа долу, туку нагоре и не се споменуваат намалувањата на платите, како и другите последици во економијата. Тоа е затоа што со оваа мерка си ги решаваат нивните приходи…

Еве што напишаа на владиниот сајт:

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.

Со оваа Уредба се пропишува износот на акцизата за безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар, за гасно масло како погонско гориво, односно дизел горивото, за гасното масло како гориво за греење.

Уредбата е донесена за да се ублажуват економските последици од зголемените трошоци за справување со коронавирусот КОВИД-19 и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби, а имајќи ја предвид вонредната состојба во државата и забраните и ограничувањата за движење на населението, економските состојби во државата и намалената потрошувачка на горива во периодот на вонредната состојба, како и драстично намалената малопродажна цена на горивата на пазарот.

За Уредбата денеска во Владата се одржа прес конференција на деталите од оваа уредба ги соопшти портпаролот на Владата Муамет Хоџа. Обраќањето на Хоџа ви го пренесуваме во целост:

Еве колку од цената е акциза досега, и колку ќе биде одсега:

Понатака следи објаснување како оваа акциза евентуално би се укинала:

Што покачувањето на акцизата на нафтата за +3 денари значи за буџетот?

Во 2019 година во буџетот на Северна Македонија биле наплатени 240 милиони евра по основ на акциза од дизел, безоловен и екстра лесно. Во 2020 планот за акцизите по овој основ беа за околу околу +15 милиони евра споредено со 2019. Со намалениот пад на потрошувачката, проектираните помали приходи по основ на акциза, за оваа година, изнесуваат околу 45 милиони евра.

Според проектираните сценарија по кризата на годишно ниво падот на приходот по основ акциза од нафтени деривати при драстично намалено ниво на потрошувачка би изнесувал 12% споредено со 2019 година или 30 милиони евра ако остане моменталната цена на акцизата.

Веќе споменавме дека сите средства од зголемувањето на акцизата на нафтата ќе одат во буџетот на Северна Македонија за справување со коронавирусот.

Доколку цените на акцизите се зголемат за 3 денари до септември, при истото драстично намалено ниво на потрошувачка ќе се покријат 18 милиони евра т.е намалувањето ќе биде 12 милиони евра. Или, во буџетот по основ на акциза за нафтени деривати ќе има 228 милиони евра , односно 12 милиони или -7,5% помалку споредено со 2019.

Ако цените на акцизите се зголемат за 3 денари до декември, ќе се покријат 31 милиони евра, или 241 милион евра т.е на годишно ниво ќе има плус 1 милион евра споредено до 2019 година, но секако се уште помалку за околу 14 милиони евра споредено со планот за 2020 или проектирани 255 милиони евра по основ на акциза за нафта.

За оваа мерка да биде ДОБРО и ПРАВИЧНО решение зголемувањето на акцизата за +3 денари, ќе важи како анти-кризна мерка доколку не се промени/зголеми цената на нафтата, односно:

 

  • Ако малопродажната цена се зголеми за 10 денари, акцизата ќе се намали за -1 денар, така ќе остане покачена за +2 денари

  • Ако малопродажната цена се зголеми за 20 денари, акцизата ќе се намали за -3 денари, или ќе се врати на цената која ја имаме во моментов пред воведување на оваа анти-кризна мерка

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.