Храна за подобро расположение и повеќе енергија

Без оглед на тоа дали се разбудивте уморни или ве фаќа пладневна дремка, ќе ве израдува веста дека има некои намирници кои ќе ви дадат повеќе енергија од кофеин.
Овие намирници се богати со влакна, поспоро се варат и ќе ви дадат енергија бидејќи го одржуваат стабилно нивото на шеќер во телото.
Сладок компир


Овој компир се јаде ширум светот. Богат е со влакна и витамини А и Ц, магнезиум и железо, како и со калиум, а не содржи дополнителен шеќер.
Путер од кикирики и банана
Овие две намирници се совршен избор кога ви недостасува енергија. Бананите се богати со калиум, а во комбинација со путер од кикирики ќе ви дадат повеќе енергија.
Пуканки


Пуканките имаат малку калории, малку масти, шеќери и натриум. Одличен извор на антиоксиданси и ќе ви дадат енергија. Може да ги комбинирате со омилените јаткасти плодови или житарки.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.