Хрватска пратеничка во ЕП: Не сакам моето дете да се омажи ни за Србин, ни за Унгарец

Loading...

Жесток судир и говор на омраза меѓу Милорад Пуповац од СДСС и хрватската политичарка Ружа Томашиќ се случил на заедничката седница на Одборот за човекови права и национални малцинства и Одборот за медиуми која ја иницираше Самостојната демократска српска партија во Хрватска (СДСС).На констатацијата на Милорад Пуповац на кого што му било шокантно тоа што само седум отсто од младите во анкета се изјасниле дека за партнер би сакале лице од друга националност, а само 15 отсто странец за сосед, реагирала Ружа Томашиќ, претседател на малата екстремно десничарска “Хрватска партија на правата-Анте Старчевиќ“, која беше избрана за пратеник во Европскиот парламент.„Во што е проблемот ако седум отсто од младите рекле дека сакаат да се омажат за Србин? Јас не сакам моето дете да се омажи за Србин, ниту за Унгарец, ни за Италијанец, ни за Германец. Би сакала моето дете и внуците да зборуваат хрватски“ порача Томашиќ.Пуповац забележа и на тоа што никој на ХРТ не реагира кога на стадионите се вика „Убиј, убиј Србин“. „Наместо да го прекинат преносот, нема никакви санкции“ рекол Пуповац, на што Томашиќ рекла дека таквите повици траеле многу пократко отколку оние на ракометниот натпревар во Белград каде Србите ги навредувале Хрватите.Томашиќ му забележала и за тоа што Пуповац молчел кога во Борово се пееле четнички песни, додавајќи дека не може да се брани само едно малцинство, туку мора да се бранат човековите права на сите граѓани.
МакфаксЖесток судир и говор на омраза меѓу Милорад Пуповац од СДСС и хрватската политичарка Ружа Томашиќ се случил на заеднич

loading...
Loading...