Хрватски новинар заспа слушајќи го говорот на премиерот Пленковиќ

Хрватскиот новинар, 50 годишниот Зоран Шпрајц во средата после прилог за несоница на своите гледачи им даде совет како да се носат со овој се почест проблем.
-На веб страната на Владата на РХ кликнете на „Седници на Владата“ и одберете некој од воведните говори на Андреј Пленковиќ. Кој од тоа не заспие никогаш нема, им објасни Шпрајц на гледачите, по што ја стави главата на водителскиот пулт и заспа.

Ова видео стана хит, иако и не баш оригинална идеја. Овој потег со „спиење“ во студио го изведувале водители на бројни телевизиски куќи.
Така водителите на Би-Би-Си заспиваа за време на временска прогноза, а водителка на ИТВ глумеше дека спие при говорот на Пирс Морган.

Loading...