Христијан Бузалковски со уште две победи од БМУ Европскиот Шампионат!

Викендов на стазата Навак во Србија се одржаа третата и четвртата трка од БМУ Европскиот
шампионат во кој учество зазема и нашиот најтрофеен натпреварувач Христијан Бузалковки . Во
саботата на квалификациите ја освои пол позиција за трката која беше закажана за 17.00 часот. По
очекувано возбудливата трка Бузалковски го освои првото место и го продолжи походот кон
одбрана на титулата.
Денес на трката во 16.00 часот Бузалковски ја продолжи низата на победи со освојување на
првото место, и со тоа покажа дека со цело срце се бори за да си ја одбрани минатогодишната
титула на БМУ Европски шампион.
ХБ71: Саботната трка помина во најдобар ред, поминавме одлично на квалификациите со
освојување на пол позиција. Моторот работеше перфектно и се беше како што треба.
Следствено на тоа си го освоивме и првото место. 😀 Денес стартувавме пак од првата
позиција, не дозоливме да вози никој пред нас и повторно стигнавме до првото место. Огромна
благодарност до моите спонзори , Агенција за млади и спорт и Федерацијата !
Христијан Бузалковски моментално се наоѓа на првата позиција во генералниот пласман со
освоени максимален број на бодови = вкупно 100 бода, 20 повеќе од второ пласираниот.
Честитки за победите и му посакуваме успех на останатите трки !!

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.