Хронологија на манипулациите на Христијан Мицковски – коментар од мрежите

Loading...

За Мицињата
„Мала ретроспектива:
27 февруари, 15,.000 души на студ и снег протестираат против идејата за промена на името. Мицињата „СЕ ОГРАДИЈА“.
17 јуни – масовни протести во Скопје против капилитулацијата од Нивици. Мицињата “СЕ ОГРАДИЈА”. Ги однесоа своите слепи следбеници на прошетка во Битола.
Договорот е противуставен, прекршени се сите собраниски процедури. Мицињата не помислуваат да го напуштат собранието. КООПЕРАТИВНИ се.
Потоа Мицињата се КООПЕРАТИВНИ за тоа кој да биде председател на ДИК кога Муртинците објавија дека ќе прават референдум. На Мицињата на крај памет не им е да го напуштат собранието и да ги сопрат сите процедури, да повикаат на бунт. Кооперативно само.
Референдумот наближува, Мицињата тактизираат. Организираат уште една провинциска прошетка за овчичките. Мора да ги држат во кондиција. Пазарот сака поише мускулести бајчиња.
2ри Август. На Мечкин камен се сјатуваат родољуби да го искажат својот став за предавството од Нивици и да го поткрепат Председателот на Републиката. Мицињата своите следбеници ги носат што подалеку – у факинг Ташмаруништа,.
30 Септември. На референдумскиот ден Мицињата се без став. Во 11 часот е јасно дека референдумот пропаѓа , се јавува Мицето – немало да гласа. Генсекот почека уште малку. Се јави во 16ч дека немало да гласа.
19 Октомври. Мицињата ги носат пратениците во собранието и ги оставаат таму да бидат 12 часа обработувани од Муртинците. Не прават ништо да ги повлечат во штабот, да излезат пред собранието, да го повикаат народот на општ протест и бунт. Ги оставаат таргетираните пратеници на чистина да бидат обработени. Потоа да глумат патриоти. Народот очекува масовни протести и отпор од секаков вид
20 Октомври. Мицињата ги исклучуваат пратениците кои ги донесоа на 12-часовна обработка на Муртинците од својата секта. Работата е завршена, и тие сега може да продолжат да глумат патриоти без да се виновни, а при тоа да се КООПЕРАТИВНИ. Ќе избркаме пар души од партијата. Ќе дадеме уште пар жестоки прес конференции. Бајчиња ќе ја проголтаат и оваа прикаска.
23 Октомври. Народот очекува протести, Мицињата се во театар плескаат рачиња на новиот лидер. Веќе не е “Никола, Никола“. Сега е “Христијан, Христијан“. Неважно е што цело време има дезавуација. Важно е да се гради култ на личноста. Стара добра комунистичка пракса.
За тоа време 200 тврдокорни души протестираат пред собранието, Мицињата се на коктелче.
Името ќе се смени, Мицињата ќе си ја истресат вината од себе. Чекаат да добијат власт во новата северна татковина, зошто Муртинците се мртви.
Чиста дијалектика.“ (Преземен коментар, авторот не знам кој е)

loading...