ХУЛАХОПКИТЕ НИКОГАШ НЕ ИЗГЛЕДАЛЕ ПОЕЛЕГАНТНИ: Кендал Џенер покажа како casual комбинации може да се софистицирани

Моделот и претприемач Кендал Џенер е позната по својот минималистички и шик стил. Кога не е на сетот или на модните писти, претпочита лежерни комбинации кои никогаш не би можеле да се опишат како здодевни, а токму тоа го носела при посетата на музејот на одмор во Аспен.
Додека носеше кул скијачки костуми и „puffer“ јакни на снежните падини, таа носеше црни хеланки и мек џемпер Totem во беж боја за да ја види изложбата на Енди Ворхол. Таа вдахна елеганција во овој комфорен аутфит со класични, но и донекаде авангардни црни чизми Dora Teymur, а сè надополни со кул волнено палто со потписот на Maison Margiela.


Со овој едноставен изглед, Кендал Џенер покажа како да ги направи обичните парчиња како црни хеланки и џемпери софистицирани, со помош на модни додатоци како чизми со потпетици, стејтмент чанти и очила за сонце, а како главен сојузник на шик зимските комбинации, квалитетниот капут мора да се вклопи во секој стајлинг.

Пронајдете не на следниве мрежи: