Царска проја со млад кромид и шунка

Loading...

2 шолји пченкарно брашно (100 мл)
2 шолји бело брашно
4 јајца
150 г сирење
150 г шунка
2 млади кромитчиња
200 мл јогурт
50 мл масло
50 мл газирана вода
1 прашок за печиво
сол
На загреано масло испржете ја шунката исечкана на коцки. Додадете го исечканиот млад кромид и кратко запржете.
Изматете ги јајцата, и додадете ги пченкарното брашно, белото брашно измешано со прашокот за печиво, јогуртот, маслото, газираната вода, издробеното сирење и испржената шунка со кромид. Посолете, промешајте и нанесете во тава обложена со хартија. Печете 30 минути на 200 степени или додека порумени.

 

 

 

 

loading...