Целиот живот погрешно сте користеле дезодоранс: Доктори откриваат што никако не смеете да правите!

Loading...

Нанесувањето дезодоранс е една од првите работи што ги правиме кога се грижиме за себе.
Меѓутоа, често тоа го правиме на погрешен начин и на тој начин несвесно си го загрозуваме здравјето. Важат истите правила, без разлика на формата на антиперспирантот.
Д-р Даун Харпер го објаснува вистинскиот начин и време за користење на овој препарат, и како тој влијае на кожата.
1. Преголема количина
Повеќето луѓе претеруваат кога нанесуваат дезодоранс.
Ова ги затнува порите, а кожата не може да дише. Ваквиот начин на употреба може да предизвика сериозни здравствени проблеми со оглед на тоа дека дезодорансот содржи материи кои можат да ни бидат штетни во поголеми количини.
Според д-р Даун Харпер, доволно е да направиме две движења со рацете нагоре и надолу, и ќе бидеме заштитени. Сè што е надвор од тоа е сосема излишно.
2. Нанесување дезодоранс наутро
Нанесувањето дезодоранс е, многу често, дел од дневната утринска рутина.
Сепак, според д-р Харпер, поздраво е да се нанесува дезодоранс навечер, бидејќи на тој начин ѝ даваме време на кожата да го впие.
3. Нанесување дезодоранс после туширање
Нанесувањето антиперспиранти на влажна кожа е исто така погрешно, бидејќи кожата нема правилно да го апсорбира.
Топлата вода со која се тушираме ги проширува порите, а со тоа вишокот на штетни материи допира до внатрешноста на кожата.
Најдобро би било да почекате целосно да се исушат пазувите.
4. Го користите во текот на денот
И ова не е препорака, бидејќи на тој начин ќе ги „бетонирате“ бактериите под пазувите и тие ќе останат на кожата. Истото правило важи и после тренинг.

loading...
Loading...