Целуфки со ореви

Loading...

4 белки
240 г шеќер
300 г мелени ореви
Ставете ги белките и шеќерот во тавче, и матете со жица додека смесата достигне температура од 60 степени. Претурете ја смесата во сад за матење и со миксер матете 10-тина минути. Потоа додадете ги оревите и мешајте ја смесата додека се соедини.
Со кафена лажичка земајте од смесата и формирајте ги целуфките на тава, обложена со хартија. Печете 75 минути во рерна загреана на 110 степени.

loading...