НЕВЕРОЈАТНИ БРОЈКИ – 21,3 МИЛИОНИ за патни трошоци и кирии за пратениците – На Марс ли одите луѓе?!

Вкупно 18 милиони 671 илјада 591 денар патни трошоци им се исплатени на пратениците од Собранието на Република Македонија за 2024 година, дознава Инфомакс.

Според податоците кои ги добивме од Собранието, пратениците потрошиле повеќе од 303,6 илјади евра за патни трошоци, што е околу 900.000 денари помалку во споредба со 2023 година, меѓутоа рекордерите се со речиси исти суми.

Да почнеме од „топ 10“ пратеници со најмногу патни трошоци.

Прв на листата е Петар Ристески од Прилеп, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кој за една година земал неверојатни 868.650 денари за патни трошоци. Повратен автобуски билет на релација Прилеп-Скопје е околу 900 денари, па пратеникот би можел да размисли да го смени начинот на патување со што ќе потроши помалку народни пари, а и ќе може почесто да се гледа со народот кој му ги плаќа патните трошоци.

Втор на листата е Мирче Аџиоски од Струга, исто така од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој потрошил 756.788 денари, потоа следуваат Дајанчо Ефтимов од Струмица, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој земал 606.424 денари. Само за споредба, рекордерката од минатата година, Јадранка Поцкова имаше патни трошоци од 676.414 денари. Пратеничкиот стандард очигледно расте штом минатогодинешната рекордерка сега би била на трето место по патни трошоци.

Следни на листата се Зоранчо Јованчев со 500.419 денари (Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ), Миле Талевски со 470.205 денари (Прилеп, СДСМ), Ангелинка Петкова со 447.730 денари (Гевгелија, ВМРО-ДПМНЕ), Миле Лефков со 437.386 денари (Кочани, ВМРО-ДПМНЕ), Олга Лозановска со 402.986 денари (Битола, ВМРО-ДПМНЕ), Никола Мицевски со 392.425 денари (Штип, ВМРО-ДПМНЕ) и последна од топ 10 е Арбана Пашоли со 378.083 денари (Дебар, ДУИ).

Рекордерите нѐ чинеле вкупно 5 МИЛИОНИ 261 ИЛЈАДИ 96 ДЕНАРИ.

@infomax.mkМакедонија Инфомакс ТешкиМуабети вести политика ТикТок makedonija infomax teskimuabeti vesti fyp tiktok viralvideo podcast news macedon MacedoniaForever MacedoniaAlways MacedoniaMacedonia

♬ original sound – iNFOMAX.mk – iNFOMAX.mk

Но, тоа не е сѐ. Две од рекордерките имаат изнајмено и станови во Скопје. Олга Лозановска покрај тоа што земала патни трошоци има изнајмено и стан за кој Собранието ѝ плаќа месечна закупнина од 400 евра, а истата во анкетниот лист доставен до ДКСК пријавила стан во сопственост на брачен другар во општина Центар.

Ангелинка Петкова покрај тоа што има земено патни трошоци има и изнајмен стан за кој Собранието ѝ плаќа месечна закупнина од 400 евра.

Во продолжение листа од сите пратеници кои земале патни трошоци, во листата има и поранешни пратеници, односно членови на претходниот состав на Собранието:

Име и презимепартијасума
Фадил ЗенделиБЕСА – ВЛЕН129.072 денари
Јован МитрескиСДСМ304.635
Боби МојсоскиЛДП57.929
Жаклина ЛазаревскаСДСМ131.646
Лидија ТасевскаСДСМ101.159
Соња МираковскаНСДП34.537
Мирослав ЈовановиќССМ101.257
Емилија РамбабоваСДСМ26.037
Соња МихаиловскаСДСМ106.760
Лолита РистоваСДСМ69.149
Бети Рабаџиевска НаумовскаСДСМ107.590
Фаница НиколоскаСДСМ94.428
Белкиса ЗеќириСДСМ196.048
Ненад КоциќСДСМ123.042
Зоранчо ЈованчевВМРО-ДПМНЕ500.419
Драгољуб ФилипоскиСДСМ166.624
Сафије Садики ШаиниАлтернатива20.726
Илире ДаутиАлијанса за Албанците107.856
Бране ПетрушевскиВМРО-ДПМНЕ174.386
Јадранка ПоцковаВМРО-ДПМНЕ241.685
Марија АнеловаСДСМ180.237
Миле ТалевскиСДСМ470.205
Лазе ТаневскиСДСМ63.619
Љубица СпасоваСДСМ274.644
Бејџан ИљасДПТМ116.013
Атнан НезириАлијанса за Албанците124.841
Даниела Стојановска ПановскаСДСМ87.385
Ане ЛашкоскаВМРО-ДПМНЕ124.318
Коле ЧаракчиевСДСМ177.217
Вјолца АдемиДУИ121.837
Олга ЛозановскаВМРО-ДПМНЕ402.986
Артина ЌазимиАлијанса за Албанците79.287
Ељми АзириАлијанса за Албанците88.894
Арта Биљали ЗенделиДУИ94.817
Арбен ЗибериДУИ23.580
Берат АјдариДУИ106.975
Рина АјдариДУИ128.425
Марија КостадиноваСДСМ74.791
Фиснике Бектеши ШаќириДУИ126.670
Лидија ПеткоскаВМРО-ДПМНЕ260.560
Арбер АдемиДУИ101.646
Арбана ПашолиДУИ378.083
Бајрам КадријаДУИ112.160
Бедри ФазлиДУИ73.364
Хусни ИсмаилиАлтернатива57.865
Панчо МиновСДСМ256.828
Драгица ЃавочановаСДСМ250.165
Мартин КостовскиСДСМ97.022
Даниела КолеваСДСМ156.886
Александар ВелјановскиВМРО-ДПМНЕ191.077
Дафина СтојаноскаВМРО-ДПМНЕ294.072
Никола МицевскиВМРО-ДПМНЕ392.426
Миле ЛефковВМРО-ДПМНЕ437.386
Абдула СалиуАлијанса за Албанците4.542
Ремзи МехмедиНезависен пратеник123.913
Даниела ХристоваВМРО-ДПМНЕ154.984
Марија КочовскаСДСМ114.076
Благица ЛасовскаВМРО-ДПМНЕ210.282
Игор ЗдравковскиВМРО-ДПМНЕ201.873
Здравко ТрајановВМРО-ДПМНЕ93.471
Зијадин СелаАлијанса за Албанците84.534
Халил СнопчеАлијанса за Албанците299.364
Златко ПенковВМРО-ДПМНЕ210.915
Ели ПановаВМРО-ДПМНЕ209.747
Иван СтоилковиќДПСМ29.964
Силвана АнгелевскаВМРО-ДПМНЕ257.845
Ангелинка ПетковаВМРО-ДПМНЕ447.730
Александар НиколоскиВМРО-ДПМНЕ99.585
Муса ИбраимиДУИ196.901
Петар РистескиВМРО-ДПМНЕ878.650
Мухамет КадриовСДСМ27.566
Мирче АџиоскиВМРО-ДПМНЕ756.788
Грација БакраческаВМРО-ДПМНЕ21.021
Дајанчо ЕфтимовВМРО-ДПМНЕ604.424
Даниел СтојчевскиЗНАМ34.193
Мевмед ЏафериНезависен пратеник204.274
Валентина МарчевскаВМРО-ДПМНЕ37.911
Борче ЦветковСДСМ123.240
Садик СулејманиАлијанса за Албанците104.571
Мимоза МусаАлијанса за Албанците10.368
Ријад ШаќириАлијанса за Албанците132.001
Имерлије Салиу-ФетаиАлтернатива112.960
Пеце МилевскиВМРО-ДПМНЕ185.541
Бисера Костадиновска СтојчевскаСДСМ99.955
Јованка ТренчевскаСДСМ25.523
Сали МуратиДТМПД87.035
Блерим БеџетиДУИ18.522
Кире БожиновскиВМРО-ДПМНЕ366.801
Садула ДуракуДУИ53.624
Сашо ДоневВМРО-ДПМНЕ150.646
Никола КоњановскиСПМ186.615
Александар Јамалов,ВМРО-ДПМНЕ123.107
Емил СпасовскиВМРО-ДПМНЕ61.844
Јулија ТушевскаВМРО-ДПМНЕ238.158
Бобан НиколовскиВМРО-ДПМНЕ14.062
Моника ТрајановаВМРО-ДПМНЕ97.028
Дејан ПроданоскиВМРО-ДПМНЕ261.696
Саранда Имери-СтафаиДемократско движење118.016
Душко ИвановВМРО-ДПМНЕ141.542
Драгана АрсоваВМРО-ДПМНЕ212.374
Беким ЌокуДПА364.597
Салим СулејманиАлијанса за Албанците266.386
Весна ЃорѓиеваВМРО-ДПМНЕ202.000
Биљана КузманоскаВМРО-ДПМНЕ199.786
Петар МарковВМРО-ДПМНЕ201.184
Жан ДрвошановВМРО-ДПМНЕ183.436
Каљтрина БеќириБЕСА7.417
Благој БочварскиСДСМ118.877
Илир ДмириДУИ37.878
Бисерка ЗлатескаВМРО-ДПМНЕ113.380
Аднан АзириВЛЕН6.585

18,5 милиони денари фрлени во ветер… Но, нормално дека тоа не е сѐ. Дел од пратениците имаат изнајмено станови во Скопје, во кои престојуваат, а месечната закупнина им ја плаќа Собранието, односно ние, граѓаните.

Такви се пратениците:

Даниела Христова, 400 евра месечно или 4,800 евра годишно. Христова зема и патни трошоци.

Марија Костадинова. 20,300 денари месечно или 101.500 илјади денари за петте месеци за кои бил изнајмен станот, истата земала и патни трошоци.

Емилја Рамбабова, 380 евра месечно, или 1520 евра за четирите месеци за кои бил изнајмен станот, истата земала и патни трошоци.

Јован Јаулески, во периодот од јануари до мај 2024 година по 330 евра месечно, во периодот од јуни до декември 2024 година 350 евра месечно или вкупно 4100 евра.

Бети Рабаџиевска Наумовска, 350 евра месечно или 1750 евра за петте месеци. Истата зема и патни трошоци.

Лидија Петкоска во периодот од јануари до мај 2024 година, 355 евра месечно, а во периодот од јуни до декемри 2024 година по 400 евра месечно или вкупно 4575 евра. Истата зема и патни трошоци.

Грација Бакраческа 400 евра месечно, или 4.800 евра вкупно. Пратеничката зема и патни трошоци.

Соња Михаиловска, 350 евра месечно, или 2100 евра вкупно, а зема и патни трошоци.

Лолита Ристова, 385 евра месечно, или 1925 евра, земала и патни трошоци.

Стојан Миланов, 400 евра месечно, вкупно 800 евра.

Марија Кочовска, 24.000 денари месечно или 120.000 денари вкупно, земала и патни трошоци.

Олга Лозановска, 400 евра месечно или вкупно 2800 евра, истата е меѓу рекордерите за земени патни трошоци.

Јованка Тренчевска, 400 евра месечно или вкупно 2800 евра, земала и патни трошоци.

Ангелинка Петкова, 400 евра месечно или 2800 евра вкупно, истата е меѓу рекордерите за земени патни трошоци.

Моника Трајанова, 400 евра месечно или вкупно 1600 евра, земала и патни трошоци.

Миле Цеков, 400 евра месечно, вкупно 2800 евра.

Пратениците на кои им се плаќа стан во 2024 година чинеле вкупно 42,7 ИЛЈАДИ ЕВРА, или 2 милиони и 630 илјади денари!

Вкупно патни трошоци и закупнина изнесуваат 21МИЛИОН 302 ИЛЈАДИ И 46 ДЕНАРИ!

Да направиме една последна весела математика и да дадеме еден предлог.

Стазата за Формула 1 во Монако е долга 3.337 km, за една трка се поминуваат 78 кругови, што изнесува вкупно 260.286 km. Доколку се земе дека просечно, Ф1 троши 40 литри гориво на 100 километри и таа количина се помножи со должината на стазата во Монако, се добива бројка од 104 литри за една трка на стазата во Монако. Доколку просечната цена на горивото е 50 евра за литар, тоа би значело дека за една трка горивото чини 5.200 евра.

Накратко, пратениците со нивните 21.302.046 денари чинат колку 66 трки со Формула 1 на стазата во Монако! Предлогот е, зошто Македонија не го финансира Макс Верстапен, наместо да плаќа патни трошоци за пратениците? И вака и така фајде од нивната работа не видовме, Верштапен барем ќе ја промовира Македонија по светот.

Мала шала, ама работата не е за смеење. Чекајте вие болници, училишта, градинки, тие ќе си прават „иди ми, дојди ми“. Може нема за лекови, за инсулин или за греење, но за патни трошоци на големиве фаци има.

За 30 години ниту власта, ниту народот не најде за потребно да го реши овој проблем кој одлева милиони од Буџетот, непотребно, имајќи предвид дека пратениците земаат плата повеќе од 3.000 евра месечно, па веројатно не би им било проблем да си стават гориво сами како што прави целиот останат народ што работи во различни градови.

Ама има една стара народна, додека има овци, ќе има и волна…

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.