Цената на нафтата се намали под притисок на тмурни економски прогнози

Loading...

Цената на нафтата се спушти во вторникот на лондонската берза кон 117 долари за барел, со оглед дека фокусот на инвеститорите одново се насочи на тмурната економска состојба во Европа и ублажувањето на геополитичките ризици.На лондонската берза цената на барел сирова нафта изнесува 117,33 долари, а на американската берза се продава по 41 центи пониска цена, од 95,45 долари.Во првите шест недели од годината цената на нафтата силно порасна, достигнувајќи кулминација пред една недела, за да во меѓувреме настапи консолидација бидејќи инвеститорите повторно ги проценуваат изгледите за светскиот економски раст и за евентуално пореметување во снабдувањето.Прогнозите за забавување на францускиот раст во 2013 година и претстојните парламентарни избори во Италија ја зајакнаа несигурноста во врска во изгледите за раст на еврозоната, пригушувајќи ја наклонетост на инвеститорите кон ризичен имот, како што е нафтата.Загриженоста поради можен прекин во снабдувањето од Блискиот исток и од северна Африка се намали.„Цената на нафтата достигна плафон од 118 долари, што би можело да поттикне одредени краткорочно ориентираа актери на берзите на добитоносни продажби“, смета Карстен Фрич од франкфуртска Commerzbank.„Со оглед на значителна геополитичка премија од ризик која е моментно пресметана во цената на нафтата, сметаме дека пад на цената е логичен, освен ако состојбите на Блискиот исток и во северна Африка не се намалат“, вели Марк Граунд од Standard Bank.
МакфаксЦената на нафтата се спушти во вторникот на лондонската берза кон 117 долари за барел, со оглед дека фокусот на инвест

loading...
Loading...