Цените на ОЛИМПИСКИ се поскапи отколку дома да си изградите базен! Реакција на ЛЕВИЦА

КОНЦЕСИОНЕРОТ НА ОЛИМПИСКИ БАЗЕН ГИ ЗГОЛЕМИ ЦЕНИТЕ ЗА ВЛЕЗ ПОРАДИ ПЕТСТО ОТСТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА

Цените на ОЛИМПИСКИ се поскапи отколку дома да си изградите базен! Реакција на ЛЕВИЦА

Астрономски цени се најавени за влез на Олимпискиот базен во Скопје, a во образложението на соопштението кое Олимписки Базен го објави денес се вели дека цените се зголемени поради покачувањето од петсто отсто на електричната енергија за стопанство, кое Регулаторната комисија за енергетика го донесе од 01. 07. 2022 година.

Моментално не постои поскапа карта за влез на еден базен од онаа на „Олимписки“ во Скопје, на Балканот или Европа.

Само за осум пати месечно, децата кои се во почетоците на пливањето треба да платат по 2.350 денари само за користење на базенот, додека пак на спортскиот клуб треба да му се доплати уште по 750 денари. Со тоа, вкупната сума за едно дете да плива САМО 8 пати месечно (само по 2 тренинзи неделно) изнесува 3100 денари.

За пливачите пак, кои се најуспешни и кои тренираат секојдневно професионално, треба да се одвојат 4.000 денари по лице.

Од друга страна клубовите и спортските работници се ограничени на членарина од само 750 денари месечно. Тоа значи дека тренер по пливање со завршен Факултет за физичка култура наплаќа 35 денари од дете по тренинг.

Што прави власта предводена од СДС и ДУИ во врска со ваквите покачувања и дали има стратегија за амортизација на трошоците на спортистите? Очигледно тие се незаинтересирани за тоа што пливачите кои ја претставуваат Републиката на меѓународни натпревари (балкански, европски, светски натпреварувања) не можат да си дозволат да плаќаат толкави суми за да ја претставуваат Македонија.

Да не заборавиме дека меѓу нив има и деца кои поради здравствен проблем се запишуваат на спортот пливање, а чии родители и онака не можат да се справат со зголемените трошоци.

Со ваквото непланско работење во спортот дополнително предизвикано со покачување на цените на електричната енергија се уништува и спортот.

Левица бара од надлежните институции за спорт во Македонија, односно АМС и Владата, но и од належните институции кои се одговорни за давање на државни спортски објекти под концесија да преземат одговорност и конкретни мерки за амортизација на трошоците на спортистите и рекреативците, да не ги остават пливањето, како и останатите спортови на пропаст поради кризата во која токму тие – владејачката гарнитура предводена од СДС и ДУИ нé ставија!

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.