Цените на природниот гас во ЕУ на највисоко ниво во последните две години

Цените на природниот гас во Европската унија достигнаа највисоко ниво во последните две години. Порастот на цените се должи на комбинацијата на студено време, намалените резерви на гас и загриженоста за потенцијалните американски царини за увозот од ЕУ.

За прв пат од 8 февруари 2023 година, цените на берзата на гас во Европа надминаа 620 долари за илјада кубни метри, што е речиси четири отсто повисока од цената од минатиот петок, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Цената на гасот претходниот ден изнесуваше 597,7 долари за илјада кубни метри.

Минатогодишната просечна вредност на фјучерсите за гас на европската берза изнесуваше 386,5 долари, што е за 16,3 отсто пониска од претходната година.

Пронајдете не на следниве мрежи: