ЦЕХОТ СТИГА ЗА НАПЛАТА: Ване Цветанов со кривична, ја шетал Дунавка во странство и ја злоупотребил функцијата

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за „злоупотреба на функцијата“ на Ване Цветанов, како претседател на државната институција Совет за унапредување и надзор на ревизијата, за противправна имотна корист од вкупно 4.656.876 денари (75.722 евра), во период од неколку години.

Меѓу неколку дела, тој се товари за заеднички службени патувања со својата невенчана сопруга Дунавка Трипуновска. Со својата партнерка потрошил 93.800 денари, а ја ангажирал како советник за да може да патуваат заедно во странство.

Ване Цветанов со кривична, ја шетал Дунавка во странство и ја злоупотребил функцијата

– Исто така, тој ги пречекорил границите на своето службено овластување, постапувајќи спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, спротивно на Статутот на телото и спротивно на Законот за ревизија, па без претходна Одлука за потреба од ангажирање на надворешно лице донесена од страна на Советот на телото, последователно склучил 3 Договори за ангажирање на надворешен советник за специјални цели во телото со Д.Т., која била негова невенчана сопруга, без предвиден надоместок за ангажираното лице.

Притоа овие договори биле искористени и како основa за заеднички службени патувања во странство, за што по основ на дневници за службени патувања и патни и дневни трошоци, од сметката на телото неосновано и противправно биле исплатени парични средства во вкупен износ од 93.800 ден. (1.525 евра), се наведува во соопштението.

Цветанов, според МВР, без тендер набавил стоки и услуги во вкупен износ од 2.272.684 ден. (36.954 евра). Набавил стоки и услуги од 430.515 ден. (7.000 евра) за кои постои основано сомнение дека нема реална оправданост за набавка на истите за потребите на телото. Неосновано ангажирал надворешни лица за сума од 1.803.237 ден. (29.321 евро). Иако веќе телото имало апликативен софтвер, набавил уште еден за 56.640 ден. (921 евра).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.