Инстаграм профилот на Цеца сега изгледа поинаку…
На почетокот на месецот, пејачката Светлана Ражнатовиќ ги објави првите, „официјални“ фотографии со своето ново момче Богдан Срејовиќ, бизнисмен кој е 9 години помлад од неа и со кого е во врска од јануари оваа година.
Сега, наводно, на романсата ѝ дојде крајот, затоа што Цеца ги избриша заедничките слики!
Пред дваесетина дена, Цеца позираше со 9 години помладио бизнисмен, а сега тие слики ги нема.
Некои следбеници се прашуваат дали завршила романсата, бидејќи на профилот на Богдан, Цеца сè уште се смешка на заедничката слика од зимувањето.