Цеца ќе стане баба: “Не можев да поверувам“, открива таа како се чувствувала кога дознала

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ е пресреќна што ќе добие внуче. Вељко Ражнатовиќ очекува бебе со својата свршеница Богдана Родиќ, која е во вториот месец од бременоста, а Цеца била преплавена од емоции кога синот и ја соопштил убавата вест, откриваат српските медиуми.
– Пресреќна сум, ова е многу убава вест за моето семејство. Се радувам. Не можев да поверувам кога Вељко ми соопшти, а потоа емоциите се мешаа. Не умеам да го опишам ова чувство, се уште сум во еуфорија. Снаата ќе ја мазам и ќе ја пазам, сега повеќе од обично, за новиот член во семејството да ни пристигне во весела и радосна атмосфера, открила Цеца.
За сега среќната вест Вељко и Богдана ја споделиле само со најблиските членови на семејствата, а во домот на Ражнатовиќ сите се пресреќни што наскоро ќе им пристигне принова.

 

Loading...