ЦИА нема информации дека Путин е болен: Дури изгледа и премногу здрав

Нема информации дека Владимир Путин е нестабилен или во лоша здравствена состојба, изјави директорот на ЦИА Вилијам Барнс, пренесува Би-Би-Си.

ЦИА нема информации дека Путин е болен: Дури изгледа и премногу здрав

Се погласни се непотврдените медиумски шпекулации дека Путин, кој оваа година наполни 70 години, можеби боледува од лоша болест, најверојатно рак.

Но Барнс вели дека нема докази што го сугерираат ова, шегувајќи се дека Путин дури изгледа и „премногу здрав“.

„Има многу гласини за здравјето на претседателот Путин и колку што можеме да кажеме, тој е целосно и премногу здрав“, рече Барнс на безбедносниот форум во Аспен во Колорадо.

Тој сепак додаде дека ова не е официјална разузнавачка проценка.

Барнс, кој беше амбасадор во Москва, рече дека го набљудувал и имал работа со рускиот лидер повеќе од две децении.

„Г-дин Путин е голем приврзаник и верува во контрола, заплашување и изедначување и овие негови особини се зацврстија во последната деценија додека неговиот круг на советници се намали“, рече шефот на ЦИА.

„Тој е убеден дека неговата задача како лидер на Русија е да ја врати Русија како голема сила. Тој верува дека клучот за тоа е да се возобнови сфера на влијание во соседството на Русија а тоа може да го направи само ако ја контролира Украина“, додаде Барнс.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.