Циклонот Тодор денес пристигнува во Македонија

Loading...

Во текот на претпладнево во западните и југозападните предели на државава времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи додека во источните ќе биде претежно сончево и суво без врнежи додека некаде околу пладне ќе има појава и на сончеви периоди.
Во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, поголемо количество на воден талог, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени додека малку посвежо ќе остане на запад.

loading...