Ципрас го премина Рубикон со признавањето македонска нација, оцени Мицотакис 

Loading...

Грчкиот опозициски лидер и претседател на “Неа демократија“, Кирјакос Мицотакис во интервју за “Дојче веле“, ја критикува владата на Алексис Ципрас поради признавањето на македонска нација. Мицотакис вели дека за него и неговата партија останува неприфатливо признавањето на македонската нација и македонскиот јазик со Договорот од Преспа. Тој уште предупредува дека доколку актуелната грчка Влада не успее да го ратификува договорот во актуелниот парламентарен состав во Атина, тоа нема да се случи со евентуален нов состав по изборите. За Мицотакис најголемиот проблем  е “македонскиот иредентизам“.
-Нашиот голем проблем со овој договор е што поврзувањето на сите негови елементи го зајакнува ткн. “македонски иредентизам“- вели Мицотакис за “Дојче веле“.
-Јас тука не мислам само на името. Мислам во прва линија на прашањата како јазикот и една македонска нација, кои преку овој договор- за првпат во историјата на преговорите со соседната земја- се признаваат. Во тој поглед господинот Ципрас го премина Рубикон. И признавањето на една македонска нација, како што се предвидува со овој договор, за нас е многу проблематично, дополнува грчкиот опозициски лидер, не заборавајќи уште еднаш да повтори:
“Неа Демократија нема да го ратификува овој договор кога тој ќе дојде пред Парламентот. И ние тој договор нема да го ратификуваме доколку, од било која причина, падне Владата и договорот биде претставен дури по новите избори“.

loading...