Ципрас пречекан со протест пред Влада и знамиња со Вергина

Loading...

Дваесетина преставници на невладините организации “Македониум“ и “Преродба“ со протест пред Владата го пречекаа грчкиот премиер Алексис Ципрас. Со развиорени знамиња со Вергина тие порачуваат дека единствено име на државата е Македонија и дека жителите се етнички Македонци.
Ципрас го нарекуваат фашист и велат дека не е посакуван овде. Според нив, Заев немал никаков легитимитет за да го потпише Договорот од Преспа и да преговара во името на македонскиот народ.
Демонстрантите велат дека Договорот е неважечки и ќе биде соборен. За Заев велат дека е безрбетник, а дека Грција ги прогонува Македонците на нејзината територија.
– Си земаш за право да ми кажеш кој сум и дека не постојам, еве го одговорот, Македонија е наша древна татковина, нашата гордост, така било, така и ќе биде“ – порачуваат демонстрантите собрани пред Влада, објави “Слободен печат“. 

 

loading...