ЦРВЕНА ФАЗА ВО МАКЕДОНИЈА: И пеколни температури и дожд и грмежи- еве какво ќе биде времето до крајот на неделава

Loading...

Продолжува периодот на многу топло време. Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде со натпросечни температури за овој период од годината.
Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места особено на југоистокот ќе го надмине и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово ниво, а во јужновардарскиот регион црвено ниво за опасност од високи температури.
И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

loading...
Loading...