Црнината никако да ја симне од себе- вака денес изгледа сопругата на Оливер Драгојевиќ две години по неговата смрт

Loading...

Денеска се одбележуваат две години од смртта на легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ кој по тешката и долга битка со ракот почина на денеш ден во 2018 година.
Тој замина на 71 годишна возраст, а зад себе ги остави трите синови, сопругата и внуците.
Често во интервјуата говореше колку му значи неговото семејство кое му беше и најголема поддршка во животот.
Најстариот син на пејачот Дино пејачот го добил во 1975-та година, а три години подоцна се родиле близнаците Давор и Дамир.


Оливер и Весна по раѓањето на нивниот прв син сакале да ја зачуваат традицијата и иницијалите Д.Д да им ги дадат на сите три сина.
За сопругата на пејачот се уште се зборува во Сплит како за една од ретките трудници кои на својот пораѓај дошла со градски автобус, додека Оливер во тоа време бил во Лондон.
Ниту еден од синовите не кренале по стапките на својот татко, но можеби еден ден неговите внуци ќе ја продолжат лозата на својот дедо.


Иако таа од никогаш не сакала да биде во центарот на медиумската јавност, по неговата смрт минатата година за прв пат даде свое интервју, а потоа поради потребата на јавноста да раскажува детали од животот со пејачот често започна да биде дел од медиумите.
Така во една прилика се најде на насловната страница на хрватскиот магазин „Глориа“ заедно со своите шест внучиња.

loading...