ЦРН БИЛАНС ВО БЕЈРУТ: 135 починати и над 5.000 ранети, државата воведува вонредна состојба

Loading...

Постојат стравувања дека бројот на загинати и повредени ќе биде уште поголем.

Министерот за здравство од Либан денеска соопшти дека, според последните информации, загинале 135 лица, а над 5.000 се повредени во вчерашната експлозија во Бејрут. 

Како што се наведува, постои страв дека билансот на загинатите и повредените ќе биде поголем, со оглед дека десетици луѓе се водат како исчезнати.

Исто така, властите во Либан прогласија вонредна состојба денес во Бејрут, која ќе трае две недели.

Според „Ројтерс“, безбедносните сили биле замолени да обезбедат никој да не се приближи до местото на несреќата во главниот град на Либан, чии ужасни слики патуваат насекаде во светот.

Се претпоставува дека повеќе од 300.000 жители на Бејрут останале без покрив над главата.

 

loading...