Црн бургер со домашно тесто

Храната покрај тоа што треба да има добар вкус, треба да биде примамлива и на изглед. Она што го прави овој хамбургер посебен е црната боја на лепчето.
За да добиете црно тесто може да употребите активен јаглен или прехранбена боја.
Можеби ќе ви звучи необично, но предност даваме на активниот јаглен, бидејќи нема да го смени вкусот на тестото како и прехранбената боја, но е одличен чистач на токсините во телото, што значи дека ќе јадете здрав и вкусен бургер.


Како да го подготвите тестото за црниот бургер?
Потребни состојки:
250 gr бело брашно
125 ml млака вода
1 лажичка сув квасец
1+1/2 лажичка шеќер
½ лажичка сол
1 лажичка активен јаглен
Сусам
Начин на подготовка:


1. Прво измешајте ја водата, квасецот, шеќерот и солта, а потоа додајте го брашното. Растворете го активниот јаглен во 1 лажица вода и додадете го во остатокот од смесата.
2. Измесете го добро тестото и оставете го да скисне околу еден до два часа. Кога тестото двојно ќе нарасне, извадете го од садот, измесете го уште еднаш и поделете го на четири еднакви делови. Обликувајте го секој дел во топче, посипете со сусам и покријте ги со крпа. Оставете ги да отстојат околу 45 минути.
3. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете околу 10 до 15 минути.
4. Потоа додадете ги омилените состојки за бургер во изладените црни лепчиња – добра плескавица, омилениот зеленчук, помфрит и сос. Секако, може да подготвите и вегетаријанска варијанта со состојки по сопствен избор.

Loading...