Цуцуловски: МАЧНА НЕСОНИЦА

Loading...

МАЧНА НЕСОНИЦА.
Вчера Стево Пендаровски ги примил акредитивните писма на Јерн Јелстад, новоименуван амбасадор на Кралството Норвешка во Македонија со седиште (внимавајте!) во Белград! При средбата, амбасадор на Кралството Норвешка за Македонија, меѓутоа со с е д и ш т е во Белград, изјавил: „Норвешка со нетрпение очекува да ѝ посака добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО.“ Дознавајќи дека Норвешка со нетрпение го чека членството на Македонија (северна ли беше?) жал ме фати. Кутра држава, грижејќи се за нашето побрзо зачленување во ЕУ и НАТО, сон не ја фаќа, па по цели ноќи и денови само на нас мисли.
Несоницата, пак, е многу непријатна работа. Тоа секој, кој ја искусил, го знае. Зошто сето ова му го правиме на светот, навистина ми е нејасно?

loading...