Цуцуловски на Фејсбук: Моето име е Љубомир Наум Цуцуловски, но мојот акроним ќе биде ХYYZYY – ХХ

Loading...

Денес, на 21 март 2019 година (Денот на пролетта) македонската јавност имаше ретка чест да чуе дека Македонската академија на науките и уметностите, одлучила да се преименува во Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија, но дека нејзин акроним/кратенка ќе биде МАНУ. Следејќи го нејзиниот пример, одлучив да ве информирам дека моето име е Љубомир Наум Цуцуловски, но дека мојот акроним ќе биде ХYYZYY – ХХ.
П.С. Интересна беше и изјавата на Таки Фити дека имале право да бираат помеѓу неколку имиња, неправејќи разлика помеѓу правото на избор, со дoлжнocтa/зaпoвeд името да се смени – напиша Љубомир Цуцуливски откако МАНУ денеска одлучи да не биде веќе Македонска, но да ја задржи кратеницата МАНУ, без разлика што таа не одговара на новото име кое го избра оваа институција Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија.

 

loading...