Цуцуловски: Чиј е пасошот што јас го платив?
СОПСТВЕНОСТ НА…?
Денес го подигнав мојот нов пасош. На насловната страница, фино лепо, убаво пишува „Република Македонија.“ Го отворам. Гледам и на наредната страница, фино лепо, пишува „Република Македонија.“ Убаво, си велам, сѐ е како што треба.
Вртам на наредната страница, кога таму, фино не-лепо, пишува „Овој пасош е сопственост на Република Северна Македонија.“ Збунет сум. Не можам да разберам како пасошот на Република Македонија е сопственост на Република Северна Македонија.
Дали се тоа две различни држави, па Република Македонија е во сопственост на Република Северна Македонија? Или се тоа две различни држави? Но, во тој случај, зошто и за двете држави важи ист пасош? Башка, пасошот е на мое име и за него, фино лепо, ѝ платив на државата колку што требаше. Сега испаѓа дека не е и моја сопственост.
Или, така треба – да не се знае што е што и кој е кој, бидејќи некои батковци така заповедале. Сѐ е добро, фино лепо, само што не е лепо. Уште помалку фино, молам лепо!
ОД ЦУЦУЛОВСКИ ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ УШТЕ И:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Цуцуловски: Еден човек, прашал друг човек, дали верува во духови!