Чаша вода наутро на празен стомак? Да, само под еден услов

Тоа е мислењето на многу лекари, а нутриционистката Нурија Дијанова предупредува дека сепак треба да водиме сметка за некои работи.
„Кога човек пие вода на празен стомак, пред појадок, неговото тело се буди, започнуваат дигестивните процеси, се стимулира работата на гастроинтестиналниот тракт. Една чаша вода секое утро пред оброк е добра навика, особено ако се прави редовно. Резултатот е нормализирање на цревната микрофлора, кожата станува почиста, а расположението се подобрува“, рече Дијанова.
„Од гледна точка на гастроентерологијата, се активира еден од основните рефлекси – гастроинтестиналниот, бидејќи внесувањето вода на празен стомак ја поттикнува подвижноста на цревата“, објасни нутриционистката и напомена дека не секоја вода има таков ефект.
„Водата треба да биде на собна температура, а не ладна, особено ако постои склоност кон запек, што е случај кај околу 80 отсто од населението што живее во градска средина“, вели таа.
„Некои луѓе сакаат да додаваат сок од портокал или лимон во чаша вода што ја пијат на празен стомак, но ова се препорачува само за оние кои немаат болести на гастроинтестиналниот тракт“, предупреди нутриционистката.
„Во присуство на гастроинтестинални заболувања, егзацербации, таквата вода, а особено ако е ладна, може да предизвика грчеви, болки во стомакот, па дури и да развие панкреатитис“, објасни Дијанова.

Пронајдете не на следниве мрежи: