Чаша црвено вино за добар слух

Loading...

Докажано е дека црвеното вино има многу позитивни ефекти на човечкото тело, дека штити од срцеви заболувања и деменција, но сега научниците тврдат и дека штити од губење на слухот.

Експертите веруваат дека хемикалијата резвератрол, која се наоѓа си црвеното грозје и во виното, штити од губење на слухот.
 Резвератролот, исто така е поврзан со сите останати позитивни ефекти кое црвеното вино ги има на човековото тело.
 Истражувањето е направено во болницата „Хенри Форд” во Детроит. Во текот на истражувањето здравите глувци биле изложувани на долготрајна гласна бучава. Глувците кои пред тестирањето добивале резвератрол имале многу помал ризик од губење на слухот, од оние глувци кои биле во контролната група, пренесува Daily Mail.
 „Нашите последни истражувања се фокусираа на резвератролот и неговите ефекти на одговорот на телото на разни повреди, како што е губењето слух. Тоа е моќна хемикалија која е поврзана со стареењето, со функционирањето на мозокот и со губењето на слухот”, вели д-р Мајкл Сидман, водач на истражувањето.
 Губењето на слухот е честа појава кај луѓето над 60 години.
 „Покажавме дека кај животните кои добиваат резвератрол се намалува губењето на слухот”, вели Сидман, па нема причина исто така да не делува и кај човекот.
Макфакс
Докажано е дека црвеното вино има многу позитивни ефекти на човечкото тело, дека штити од срцеви заболувања и деменциј

loading...